На Вардар му се смешкаат 400.000 долари

157

На нешто повеќе од еден месец до почетокот на првиот ИХФ Супер глоуб кој ќе се игра во Саудиска Арабија, организаторот – Светската ракометна федерација (ИХФ) ги откри учесниците и системот на натпреварување.

Мундијалот за клубови годинава ќе биде зголемен на десет екипи, а и системот на натпреварување е различен во споредба со минатогодишниот. ИХФ го повика Кил, кој како освојувач на ЕХФ Купот ќе ја брани честа на Европа, заедно со европскиот првак Вардар и ланскиот победник на Супер глоуб, Барселона.

Вардар и Барселона се единствените фаворизирани екипи кои ќе се вклучат дури во четвртфиналето. Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк се екипите кои ќе разигруваат за четвртфиналето.

Победникот на турнирот ќе освои 400.000 долари. Овој трофеј е единствениот кој Вардар не го освои во походот пред две сезони.