Познатото париско кабаре Мулен Руж објави дека повеќе нема да има нумери со змии во вода по писмото од градските власти во кое побарале повеќе да не користат диви животни во нумерите на танчерите.
„Свесени за општествениот развој во однос на благосостојбата на животните, кабарето Мулен Руж ќе го прекине тоа шоу“, рече управата на кабарето, додавајќи дека прашањето за почитување на животните отсекогаш било суштинско.
Мулен Руж не кажа кога точно завршува последната изведба на шоуто поради организацијата на програмата.
Во секојдневниот настап, танчерка влегува во огромен проѕирен базен и изведува точки со два огромни питони кои се обидуваат да ги задржат главите над вода.
Во писмото од париските власти се наведува дека овие питони се заштитен вид од Југоисточна Азија и дека станува збор за копнени животни на кои не им е место постојано да бидат во вода.