На Балканот само Босанците јадат повеќе компир од Македонците

84
Фото: Vivid Maps

Веб-страницата Vivid Maps сподели интересни податоци за потрошувачката на компири во Европа на годишно ниво.

Оваа мапа е направена според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) од 2020 година, и ја прикажува просечната потрошувачка на компир во килограми по жител на секоја европска земја.

Она што се издвојува е секако големата потрошувачка. Имено, европските земји важат за најголеми потрошувачи на оваа храна. Така, жителите на Белорусија се на прво место со 170 килограми по жител годишно. По нив следат жителите на Украина со 126 килограми, а третото место го делат Полска и Романија, чии жители просечно јадат и до 100 килограми годишно.

Жителите на Босна и Херцеговина се најдоа на петтото место на оваа карта со просечна потрошувачка од 92 килограми. Пред БиХ е Холандија која троши еден килограм повеќе од жителите на БиХ.

Македонија во однос на потрошувачката на компир има 61 килограм годишно. Жителите на Албанија и Словенија трошат до 46 килограми по човек годишно. Во Србија просекот е 44 килограми, а во Хрватска 40 килограми. Најмалку компири во регионот консумираат жителите на Црна Гора, каде просечната потрошувачка по човек е само 31 килограм.