На атентаторот на словачкиот премиер му е одредена мерка притвор -тој тврди дека не сакал да го убие

235

На Јуриј Цинтула (71), осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, му е одреден притвор поради опасност од бегство и можно повторување на делото, пишува словачкиот портал SME.

Пензионерот кој го застрела Фицо во средата се соочува со обвиненија за обид за убиство и обид за убиство од прв степен и се соочува со затворска казна од 25 години до доживотен затвор.

Цинтула на суд тврдеше дека не сакал да го убие Фицо.

Да потсетиме, во средата, Фицо беше опериран на неколку часа, веднаш откако беше застрелан од непосредна близина по владиниот состанок одржан во словачкиот град Хандлови. Неговата состојба се уште е сериозна.