Најчудните свадбарски обичаи во светот: Три дена не смее да се оди во тоалет-тоа значи несреќа

352

За обичаите на свадбите сигурно повеќепати сме си помислиле дека „вакво нешто има само кај нас“, но ќе се зачудите колку бизарни обичаи по повод венчавање, постојат во светот.

Покривање на младите со јајца

Младите го покриваат челото со јајца, сосови, пердуви и др. Церемонијата во која потенцијалните сопружници се покриваат со нешто обично и секојдневно, симболизира заштита од зли духови. Се разбира, ова се случува пред свадбата.

Младоженецот прескокнува метла

Симпатичниот обичај симболизира нов почеток и чистење од минатото, или обединување на две семејства. Може да значи и благодарност до предците.

Традицијата на бакнување

Ако младоженецот ја напушти просторијата од која било причина, на сите други мажи на свадбата им е дозволено да ја бакнуваат невестата. Истото важи и за младоженецот и женските гости ако невестата ја напушти собата.

Стрелање на невестата

Едно етничко малцинство во Кина има обичај во кој младоженецот испушта три стрели кон невестата (на стрелите им е отстранет остриот крај). После тоа, тој ги крши тие три стрели за време на церемонијата, што значи дека тие ќе се сакаат и ќе живеат едни со други засекогаш.

Бучен ритуал на венчавка во Франција

„Чаривари“ е името на чудниот обичај што се практикува на некои свадби во Франција. Главната карактеристика на свадбената церемонија е бучна серенада произведена од удирање лонци во куќата на младенците. Обичајот првпат е забележан во средниот век, а според некои, има корени уште во античко време.

Три дена без тоалет по свадбата

Во Сандакан, Малезија, свадбата може да биде тешка за многумина. Членовите на заедницата Тидонг не им дозволуваат на младенците да одат во тоалет три ноќи и три дена по свадбата, бидејќи тоа значи несреќа. Младенците не јадат скоро ништо три дена по венчавката и пијат само малку вода.

Плаќање со пари за танцување со невестата

Наместо обичајот што преовладува на некои домашни свадби, каде на младенците едноставно им се предава плик со пари, во Полска младоженецот чува престилка во која гостите можат да стават пари што им купуваат танц со невестата. Главното финале е кога младоженецот го става целиот паричник, за да заработи најмногу пари и да ја земе својата сопруга.

Младоженецот организира киднапирање

Отсекогаш имало романтични приказни во кои девојчињата бегаат од своите родители кога нивниот драг организира таканаречено „киднапирање“. Во некои култури, киднаперот кој успева да задржи девојче два до три дена, на крајот може да се ожени со неа.

Плукање на младите

Кога ќе се венчаат во Масаи, таткото на невестата плука по лицето и градите на невестата за да и посака среќа. Потоа заминува со сопругот без да се сврти, бидејќи се плаши да не се претвори во камен.

Го удираат младоженецот по стапалата

Младоженецот во Јужна Кореја е врзан за нозете пред венчавката, обесен наопаку и додека е во таа положба го удираат по нозете. За нештата да бидат уште полоши, тие го удираат со риби! Ваква церемонија наводно служи за зајакнување на младоженецот пред првата брачна ноќ.