Најстариот американски ветеран од Втората светска војна го прослави 110-от роденден

104

Најстариот американски ветеран од Втората светскта војна, Лоренс Брукс, неделава ја одбележа 110-та година од својот живот, јави синоќа Гласот на Америка.

Прославата се одржа во Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс.
Брукс за американските медиуми изјави дека тајната на неговата долговечност е љубовта кон цело човештво.

Лоренс Брукс е роден на 12 септември 1909 година и служел во составот на 91. инженерски батаљон, чии редови се полнеле главно со војници од афроамериканско потекло, а бил лоциран на Нова Гвинеја, а потоа и на Филипните.

Неговите задолженија биле перење на постелнина и на униформи и чистење и полирање на обувки на белите офицери. За време на војната Брукс добил чин помлад водник.