Најскапото кафе во светот: 75 долари за еден филџан мирисно задоволство

136

 

На менито на калифорниските кафулиња „Клач кофи Ростерс“ од неодамна може да се најде и најскапото кафе на светот, по цена од 75 долари за шолја.


Се работи за ексклузивното кафе „Елида Нејчурал Гејша 803“, кое се продава во Сан Франциско и другите градови каде што брендот има свои ограноци. Бројот 803, всушност, се однесува на рекордната цена (803 долари) платена за половина килограм органско зрнесто кафе на аукција во Панама.
Поради ограничената понуда, изби вистинска војна во наддавањето за ретката „арабика“ од Панама која има цветен вкус, сличен на јасмин. Во продажба биле само 50 килограми од кафето, а најголем дел завршил во Јапонија, Кина и Тајван.
Според интернет-страницата на „Клач“, тие купиле 4.5 килограми, што е доволно за 80 шолји кафе.