Најскапата елка на светот вреди речиси 14 милиони евра/фото

101

Најскапата новогодишна елка во светот, со проценета вредност од 13,95 милиони евра, беше претставена вчера вчера во лобито на луксузниот хотел „Кемпински“ во Марбела, Шпанија. Со тоа се означи почетокот на сезоната на празници, а елката е толку вредна поради нејзините исклучителни и уникатни украси.

Сите украси се лично креирани и цртани од британската славна дизајнерка, уметник и експерт за дијаманти Деби Вингам, а повеќето украси за дрвото ги обвиткала со накит. На дрвото се наоѓаат и некои од најскапите уметнички творби ширум светот.

Деби направила дури 500 украси и поканила уште неколку уметници да и се придружат и да придонесат да ја направат најскапата светска елка на светот најубава.

На декорациите се наоѓаат исклучително вредни розови, црвени, бели и црни дијаманти, четирикаратен сафир и рециклиран накит на најпознатите брендови (Булгари, Картие, Шанел…), но и класична декорација од традиционални слатки, без кои празниците не можат да поминат.

Светот ја запозна Деби Вингам кога ги направи најскапите чевли во светот пред две години, вредни повеќе од 15 милиони долари.