Најсериозно предупредување досега: Генерал тврди – Москва може да посегне по мало нуклеарно оружје

552

Поранешниот командант на британската армија, генерал Ричард Баронс, смета дека Русија на 11 септември годинава „формално ќе ги припои“ сите делови од источноукраинскиот регион Донбас кои дотогаш успеала да ги освои.

Баронс, кој командуваше со британската војска од 2013 до 2016 година, изјави за Би-Би-Си дека на Украина ќе ѝ треба „нашата волја, нашите пари, нашата индустрија и нашиот воен инвентар“ доколку сака да ги ослободи окупираните територии.

Тој додаде дека, доколку украинскиот контранапад биде успешен, украинските сили би можеле да завршат на територијата „која Русија ја прогласи за руска“.

Поради ова, вели Баронс, „Москва би можела да посегне по мало нуклеарно оружје“. Тој наведува дека тоа би било „многу мало“ нуклеарно оружје кое би било опасно во радиус од околу 3,2 километри и нема да „испровоцира нуклеарен холокауст и неконтролирана ескалација“.