Најмногу пријави за неконтролирано фрлање смет

13

Општина Бутел минатиот четврток го отвори дежурниот телефон 075/249-314 на кој граѓаните можат да пријавуваат најразлични комунални проблеми: Диви депонии, палење на смет, нелегално градење,токсичен отпад, уништување на јавно зеленило и урбана опрема, детски игралишта и паркови, дефекти на улично осветлување и слично.

Во изминатите денови добиени се четири поплаки од граѓани и тоа за неконтролирано фрлање на смет во доловите кај селата Љуботен и Љубанци, особено кај викенд населбата. Имало повик и за отстранување на смет кај ГТЦ „Треска“ во Скопје Север, поплака за кучиња скитници во дворот на ОУ „Климент Охридски и пријава за огон на отворен простор кон Смилковското езеро.

– За сите овие повици направен е увид на лице место од страна на вработените од Одделението за комунални дејности, животна средина и ЛЕР при Општина Бутел – информираат од општината.

Извор: општина Бутел