Најмалку 60 загинати при експлозија во џамија во Авганистан

25

Најмалку 60 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени при експлозија на бомба во џамија во Авганистан за време на петочната молитва, соопштија официјални претставници.

Станува збор за минофрлачка ракета истрелана од територија под контрола на бунтовниците, која ја погодила џамијата во дистриктот Хаскамена, пробивајќи го покривот.

Портпаролот на гувернерот на источната провинција Нангархар, Атахула Когјани изјави дека меѓу жртвите има деца и се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

– Бројот на жртвите може да се зголеми, а спасувачките служби и луѓето се обидуваат да ги извлечат телата под урнатините, истакна член на покраинскиот совет.
Портпаролот на покраинската полиција Мубарез Атал нагласи дека сите загинати биле „верници”.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но во источниот дел на Авганистан се активни и талибанските бунтовници и џихадистичката група Исламска држава.