Најмалку три лица загинаа во пожар во рафинерија во Аргентина

26

Во пожар во нафтена рафинерија во југозападна Аргентина денеска загинаа најмалку три лица, соопштија локалните власти.

Пожарникарите со часови работеа на гаснење на пожарот што избувна во магацин во рафинеријата „Њу Американ Оил“, на околу 120 километри од главниот град на провинцијата Неукен.

Пожарот брзо се прошири низ рафинеријата, а локалните медиуми објавија видео на кое се гледа огромна експлозија проследена со темни облаци чад кои се издигнуваат од објектот.

„Тројца работници во рафинеријата загинаа“, изјави градоначалникот на блискиот град Плаза Уинчул, Густаво Суарез, пренесува АП.

Причината за пожарот се истражува, соопшти провинциската влада Неукен.

Синдикатот на нафтените работници од покраината Рио Негро Неукен и Ла Пампа повика на штрајк на работниците, наведувајќи дека им е „здодеано од недостаток на посветеност на животите на работниците“.