Најлошо помина Сити, а најдобро Јувентус

15

Пред неколку минути заврши ждрепката за 1/4 финалната рунда во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Најголемиот фаворит за победничкиот трофеј, тимот на Манчестер Сити за противник го доби ривалот од Премиер лигата, екипата на Тотенхем.

Градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед за противник го доби каталонскиот гигант Барселона, а првиот натпревар ќе биде одигран на “Ноу Камп”.

Двојки за 1/4 финале: Ајакс – Јувентус, Ливерпул – Порто, Тотенхем – Манчестер Сити, Барселона – Манчестер Јунајтед.
Двојки за полуфинале: Тотенхем/Манчестер С. – Ајакс/Јувентус, Барселона/Манчестер Ј. – Ливерпул/Порто.