Најкорисни меѓу закуските: Пуканките ја решаваат опстипацијата и ги зголемуваат шансите за зачнување

110

Пуканките се сметаат за една од најздравите закуски. Ова се придобивките од секојдневно консумирање пуканки:

1. Го решава проблемот со запекот

Пуканките не се храна само за со филм, тие можат да бидат и здрава ужина, но само ако ги направите со многу малку сол и путер. Тие се полни со влакна, а сите знаеме дека влакната се клучни за добро варење. Можете да изедете порција од 3 шолји пуканки и да добиете 3,5 гр влакна, а тоа е доволно за да го решите проблемот со запекот.

Пуканки направени на топол воздух имаат 100 калории во една порција! Пуканките што се продаваат во киоск или оние од микробрановите кеси содржат голема количина маснотии и можат само да им наштетат на цревата.

2. Ќе се ослободите од стресот

Пуканките не само што влијаат врз нас физички, туку можат да придонесат и за подобра ментална состојба. Пуканките се храна која е богата со јаглехидрати и имаат низок гликемиски индекс. Ова може да доведе до задржување на нивото на серотонин, а со тоа и подобро расположение. Пуканките може да се сметаат за сложени јаглени хидрати.

Но, кога ќе додадете шеќер, сол или масло, сите придобивки што можете да ги очекувате од пуканки целосно исчезнуваат. Начинот на кој јадете пуканки може да го подобри и вашето расположение. Психолозите препорачуваат да се обидете да јадете пуканки со стапчиња за јадење за да добиете што поголемо задоволство од нив.

3. Поголема е веројатноста да забремените

Пканките, исто така, ги зголемуваат вашите шанси за зачнување. Научниците сугерираат дека конзумирањето на оваа вкусна закуска може да ја подобри плодноста дури и кај мажите.

4. Ги ублажува симптомите на ПМС

Добрата вест е дека пуканките всушност ги смируваат симптомите на ПМС бидејќи го зголемуваат серотонинот, хормонот на доброто расположение. Освен тоа, ви даваат доволно енергија за да се чувствувате сити подолго време.