Најзгоден евровизиски учесник е Лука од Швајцарија, а Васил од Македонија е меѓу првите десет

231

Според неофицијалниот избор за „Најзгоден маж на фестивалот“, кој го имаат направено некои од учесничките на „Евровизија“, Лука Хани, кој ја претставуваше Швајцарија, е избран за најсекси маж на оваа „Евровизија 2019“. 24-годишниот пејач е поранешен ѕидар и беше еден од фаворитите за победа. Лука вели дека ако не се пријавел во ТВ-шоуто „Германија има талент“, денес сигурно ќе работел како ѕидар. Роден е во Берн, а од мал свирел на клавир и на гитара. Завршил средно ѕидарско училиште. Почнал да работи како ѕидар, а денес често работи и како фотомодел.

Веднаш зад Лука се најдоа и претставниците на Азербејџан и Сан Марино, но за пофалба е дека на едно од повисоките места меѓу првите 10 во овој занимлив избор се најде и нашиот струмичанец Васил Гарванлиев.

Нам ни е најмногу познат по детскиот хит „Марионка“. Тој на фестивалот во Израел настапи во улогата на придружен вокал на нашата Тамара. Во секој случај, оваа „Евровизија“ навистина ѝ се посреќи на Македонија!