Најголемите пејачки ѕвезди од некогашната Југославија се збогуваат од својата МАКИ….Цеца, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Тереза Кесовија, Карлеуша, Калиопи….

1201

Само што пишувавме пред некој ден за неа, кога докторот од болницата ни кажа дека деновите и се избројани, а тоа за жал и се случи. Голема трагедија и голема тага, болката која не поминува по големата балканска хит-мејкерка Марина Туцаковиќ. Почина по тешкото долгогодишно боледување на 67-годишна возраст.

Зад неа ќе останат огромен број хитови со најголемите ѕвезди од музичката сцена на поранешната Југославија: Здравко Чолиќ, Светлана Ражнатовиќ, Тереза Кесовија, Оливер Мандиќ, Џеј Рамадановски, Северина, Неда Украден, Аца Лукас, Ана Николиќ, Слаѓана Милошевиќ, Тања Савиќ, Јадранака Стојаковиќ, Драгана Мирковиќ, Оливер Драгојевиќ….како и групата “Зана“ за која го напиша мега хитот “Додирни ми колена“.                                                                                                                        Голем број песни-хитови напиша и за нашиот Тоше, како например: Соба за тага, Лименка, Ледена, Немаш ни благодарам, Ако ме погледнеш во очите….

Нејзиниот живот го одбележаа и бројни несреќи, без разлика што заработуваше баснословно многу пари и што обожаваше да биде секогаш ведра, насмена, што сите ја сакаа во своето друштво. Најголемата несреќа ја снајде кога се самоубил нејзиниот помлад син Милош за кого подоцна напиша трогателна песна “Мишо мој“ која ја испеа Ана Николиќ. Тогаш Марина доживеа невидено голем стрес, кој го смета за причината која доведе до тоа таа да се разболи од рак.                                                                – Нема ништо пострашно за една мајка и еден татко да го гледаат своето чедо како пред нив лежи мртво, кажа тогаш Марина низ солзи како дожд.

Медиумите пред неколку дена информираа дека Марина Туцаковиќ покрај ракот е заразена и со коронавирусот. Тоа всушност беше и фатално за неа. Смртта беше неизбежна, бидејќи веќе не можела ниту да дише. Страшно.
Од Марина Туцаковиќ преку ФБ и Инстаграм со емотивни зборови и понатаму се простуваат голем број популарни пејачи.
Балканската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, напиша:
-Занемев! Зад неа е долга, мачна борба! И колку и да ја знаевме сите сериозноста на ситуацијата, јас немам зборови. Си замина една вонсериска душа, жена што од секоја ситуација правеше поезија. На нејзината работа никој не остана имун, а сите ние што ја имавме за пријател можеме себеси да се сметаме за привилегирани. Марина, драга моја, одмори ја душата и знај дека секогаш ќе бидеш сакана од сите нас.
Лепа Брена исто така е неутешна: – Што и да кажам за Марина секогаш е малку. Си замина жената што пишуваше песни за сите нас, нашата пријателка и другар, која што како скенер ги знаеше нашите души, што мислиме и што чувствуваме. Никогаш веќе нема да се роди таква жена што сите ја сакавме и ја почитувавме. Ќе останат нејзините текстови како печат за сите нас, за едно време, кога го имавме најголемиот поет и другар, пријател.

Нека ѝ е лесна земја и нека сега нè гледа од некое подобро место. Те сакаме Марина и ќе те сакаме секогаш и ќе те почитуваме затоа што со твоите дела ни ги разубави животите, а твоите зборови ги преточивме во емоција што сите ја почувствуваа. Почивај во мир, порача Лепа Брена не можејќи да си ги запре солзите.                Хрватската музичка дива Тереза Кесовија е во шок и низ солзи кусо изјави: – Песната “Ко ми је крив“ со која се натпреварував на “Југовизија“ за мене ја напиша токму Марина, жена со големо срце,  која знаеше да ми ја прочита мојата душа. Во шок сум и не верувам дека замина Марина. Душо моја, спиј мирно, ние ќе те чуваме.
Здравко Чолиќ остана занемен, без зборови велејќи само дека: “Не знам што би кажал за Марина злато наше, тажен сум премногу тажен, оставете ме да тагувам“.
Јелена Карлеуша е уште една пејачка, чија што кариера ќе остане обележана од соработката со Марина Туцаковиќ. Марина ги напиша речиси сите песни за Јелена, а пејачката се прости со Марина на Инстаграм:

-Маки моја… барам зборови… Во овој по*ран живот исполнет со болка, страдања и тага, ти остави најубава трага… А, за тоа можеби вредеше да се живее… Ти благодарам за сè.
Од Марина Туцаковиќ се прости и нашата Калиопи, која на Инстаграм накусо напиша:
-Колку е тешко да се простиш од најголемите.Ти благодарам за стиховите и за вистината што ја делеше со нас… Сето останато е историја.
Од Марина се прости и познатиот пејач Жељко Самарџиќ:
-Ставете ми уште едно виски, затоа што ми се урна целиот свет, засекогаш ќе недостигаш. Засекогаш ќе ја помнам твојата насмевка мила моја Маки.

Ана Николиќ која ја пееше споменатата тажна “Мишо мој“ е скршена од болка:
-Веќе долго време, ме следи некоја тага. Баш онаа што ти ја виде кај мене кога дојдов како девојче првпат кај тебе… Тогаш не те разбирав… А сè секогаш беше онака како што ти ќе кажеше… Единствена беше што имаше суштина… Формалностите не беа во твојот домен, а од тебе научив нешто најважно: ‘Како достоинствено да живееш со болката’ и така и ти си замина, достоинствено.

Жељко Јоксимовиќ напиша: – Засекогаш ќе ги очекувам твоите брилијантни текстови, затоа што не верувам дека веќе те нема. Таквите како тебе се бесмртни.             (Д.М.) foto:FB/Instagram