Најголемиот светски производител на месо им плати на хакери 11 милиони долари

9

Најголемиот светски производител на месо, JBS, плати 11 милиони долари на хакери кои ги нападнаа системите на корпорацијата,  јави Си-Ен-Ен.

Одделот JBS/USA потврди дека платиле еквивалент на 11 милиони долари откуп како одговор на криминалниот кибер напад, соопшти прес-службата на корпорацијата.

Компанијата ги обнови повеќето деловни активности. Според извршниот директор на JBS USA, Андре Ногеира, корпорацијата одлучи да ја донесе оваа „тешка“ одлука „да спречи потенцијални ризици за нашите клиенти“.

На 1 јуни најголемиот производител на месо во светот, бразилската компанија JBS SA настрада во хакерски напади врз нејзините филијали во Австралија и Северна Америка.

Кибер нападот доведе до затворање на петте најголеми погони за преработка на месо на компанијата во САД. Вашингтон се сомнева во „руски хакери“ дека се одговорни за кибер нападот.