Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, по поразот од Индијана со 111:118 во контролниот дуел, истакна дека задачата на неговиот тим е да биде во врвна форма за плејофот.

  • Не мислам дека ќе бидеме во најдобра форма на првиот натпревар по рестартот на сезоната. Но, верувам дека ќе бидеме подготвени за плејофот, кога е најважно да си најдобар, изјави Дончиќ.

Далас ќе го одигра својот прв натпревар од продолжението на сезоната на 31 јули против Хјустон.