Нашата Калиопи со „Пат до Македонија“ го освојува и Јадранското Море – Ја сакаат низ цела поранешна Југославија

241

Иако неодамна доживеа семејна трагедија, сепак, македонската поп-ѕвезда Калиопи сфаќа дека животот мора да оди понатаму и кога е најтешко. Силна, како што вели една нејзина песна, пејачката деновиве е на убавиот син Јадран, каде што веќе има одржано неколку успешни концерти, а во подготовка и се и сите останати. На нејзината радост ѝ нема крај, па Калиопи оптимистички порачува, но и воедно прашува: „Животу… што ли друго ми подготвуваш? Не е важно. Поподготвена сум и посилна од кога било!“

Со непресушна љубов кон животот, поп-дивата е навистина подготвена уште еднаш да ја освои публиката. Па ако ова лето патот ве однесе таму некаде на туристичките локации од Порторож до Улцињ, бидете подготвени да запеете со Калиопи. Нема да ѝ одолеете на дивата, зашто ќе ве понесе со „Бато“, „Мелем“, „Кофер љубави“, „Дали ме сакаш“, „Црно и бело“, „На пат до Македонија“, “Лео“, „Обои ме“…

Таа е тука со сите свои хитови, кои ги носи до фановите на оној свој, темпераментен јужњачки начин.
Силно вљубена во летото и во морето, особено кога ја пее својата незаборавна „Да море зна“. Медитеранска песна што ја има испеано на славниот Сплитски фестивал, кога дебитираше во далечната 1986 година, заедно со групата и Ромео Грил. Многу естрадни новинари уште тогаш во неа видоа наследничка на легендарната Тереза Кесовија.(Д.М.)