Национален Блок „Не отворам врата“: Многу сме задоволни од средбата со Мицкоски за пописот

76

Делегација на Националниот Блок „Не отворам врата“, во состав Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Вангел Божиновски претседател на Здружението Македонска преродба, денес оствари средба со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски.

На средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги запозна претставниците на Националниот Блок „Не отворам врата“ со разговорот што го имаше на тет-а-тет средбата со Зоран Заев во врска со пописот.

Делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ е многу задоволна од средбата со Мицкоски, бидејќи, и покрај силните залагања на марионетската влада да спроведе попис по секоја цена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа да договори одложување на пописот што беше клучно барање и на Националниот Блок „Не отворам врата“.

За денешниот разговор, делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“, вечерва на состанок ќе ги запознае сите 20 организации – членки во Националниот Блок „Не отворам врата“, по што, во недела на прес конференција јавноста ќе биде запозната со заклучоците од состанокот.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“