Модерната технологија не ослободува од вообичаените ментални напори оти одговорот на сите прашања го добиваме за неколку секунди на Гугл. Не мораме да учиме, не мораме да размислуваме.

Последните истражувања велат дека на човештвото глобално драстично му е опаднат коефициентот на интелигенција. Во таа смисла неодамна беше објавено истражување на научници од Шведска, Белгија, Холандија и Ирска. Во заедничкото истражување откриле дека оваа претпоставка е точна.

Имњно, метаанализата покажува значителен пад на интелигенцијата од 1,23 IQ поени по деценија или 14 IQ поени од викторијанското време.

Накусо, човештвото станува се поглупаво. Според научниците, причината за тоа е што младите се повеќе користат технологија наместо да читаат и што се помалку престојуваат во природа.

-Секако, ниедно вакво истражување не може децидно да каже дека интелигенцијата на човештвото опаѓа. Но, факт е дека екраните не менуваат. Не би рекла дека ни ја намалуваат интелигенцијата, но поради нив мозокот нема доволно предизвик и послабо се развива, вели неврологот Вида Демарин.

Тоа што не мораме да се помачиме за да дојдеме до одговорот туку е доволно да го прашаме Гугл е посебен проблем за децата во развој. Затоа децата не го развиваат мозокот онака како што би требало низ нормалните процеси на учење. Тоа што живееме во општество без друштвени контакти само ја влошува работата.

Според д-р Демарин, и помладите и постарите едноставно треба да си зададат поголеми ментални предизвици и да го вежбаат мозокот.