Научници успеале да го декодираат вирусот Ковид-19 – компанија на Македонец е дел од процесот!

8500

Научниците веќе успеале да го декодираат вирусот Covid-19, познат како Корона. Веќе се работи со полна пареа на изработка на вакцина. Меѓу многуте лаборатории низ светот, први успех имаат истражувачите на фирмата Грефекс од Хјустон и тврдат дека веќе имаат вакцина, која мора да помине низ повеќе фази на проверка. Меѓу другите се истражува и во Канада, Германија, Кина, Јапонија, каде што исто така јавуваат за успешен процес, објави Роберт Милески, сопственик на компанијата Introcode Technologies.

„Научниците успеале да го изолираат врзувачкиот протеин. Цел овој процес се работи на машина чиј главен дел го развивме токму ние, преку мојата компанија Introcode Technologies. Се работи за ДНК – РНК сиквенцер, со дополнителен бројач на клетки, како и целосна спектрална анализа, со чија помош се декодира структурата на вирусот. Ние сме единствените во светот што успеавме да квантифицираме ДНК код за помалку од 5 секунди. Светски рекорд кој сѐ уште никој не го соборил!

Така да мои Македонци, бидете горди на македонските инженери! Ова е само да ви кажам дека и ние имаме удел во развојот на идната вакцина, а јас сум посебно горд на сите!

Ви посакувам да останете здрави и помалце политика, оти таа очигледно нé отру и понатаму нѐ труе многу повеќе од самиот вирус, напиша Милески на својот Фејсбук профил.

Повеќе информации околу темава на следниве линкови:

За истражувањата: https://focus.de/11717745 (линкот преведете го преку Google translate).

За машината: https://www.facebook.com/495865847094480/posts/1006713846009675/

Погледнете го видеото: https://www.facebook.com/introcode/videos/1111971568817235/

Линк до нашата веб страна: https://www.introcode.com