Научниците во Германија открија нов начин на тестирање – идна замена за ПЦР тестот

365

Фармацевтите од Универзитетот Мартин Лутер Хале-Витенберг откриле нов начин на тестирање за коронавирус, користејќи техника на масена спектрометрија.

Од германскиот универзитет наведуваат дека тестот е специфичен бидејќи мери протеински компоненти специфични само за новиот коронавирус – САРС-ков-2.

За откривање на овој нов начин на тестирање, научниците користеле раствор со кој луѓето заразени со коронавирус ја исплакнуваат устата.

Како што наведуваат, овој метод на тестирање во иднина може да го замени ПЦР тестирањето, кое широко се користи ширум светот.