Општина Демир Капија во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата Свети Трифун 2020“ организира натпревари за најдобра домашна ракија и за најдобро домашно вино, како и за закројување на винова лоза.
Од Општината известуваат дека сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во натпреварите можат да се пријавуваат до 07.02.2020 година, а земањето мостри на вино и ракија од домовите на пријавените учесници ќе се врши в понеделник (10.02.2020 година).
Повеќе информации можат да се добијат на телефонските броеви: 043 364 100 и 072 269 905, за натпреварот за најдобра домашна ракија и најдобро домашно вино и на телефонските броеви 043 364 100 и 075 647 677, за натпреварот за закројување на винова лоза или во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 08 до 16 часот.