НАТО бара воздржаност од Турција

24

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер изрази надеж дека турските власт ќе бидат „воздржани” во воената операција во северниот дел на Сирија.

-НАТО е информиран од турските власти за операцијата која во тек во северна Сирија. Сметам на Турција да делува воздржано и да се осигура дека победите кои ги издејствуваме во борбата против ИСИС (Исламска држава) нема да бидат доведени во опасност. Ќе разговарам за ова прашање со претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган в петок, напиша Јенс Столтенберг.