Настап на градскиот дувачки оркестар

55

Денеска, по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17.30 часот, од Музејот на град Скопје кон улицата „Македонија“, па се до плоштадот „Македонија“, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Народе македонски, Работнички марш, Ваташа и Огномет на слободата.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови, пред се професионални музичари. Тој досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.