НАСА ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите/ФОТО

2632
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Веста за смртта на Тина Тарнер го потресе светот. На социјалните мрежи многу познати личности се збогуваат со славната пејача која остави посебен белег на музиката. Пејачите, актерите, модните дизајнери и бројни други познати личности не можеа да ја сокријат својата искрена болка поради заминувањето на кралицата на рокенролот.

Се огласи дури и Американската вселенска агенција НАСА која и оддаде посебна почит и ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвзедите.

„Едноставно најдоброто. Музичката легенда Тина Тарнер блескаше на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство ќе живее засекогаш меѓу ѕвездите“, објави НАСА.

Дури и Белата куќа ја објави смртта на Тина Тарнер.

Портпаролката Карин Жан-Пјер ја опиша смртта на пејачката како „неверојатно тажна вест“. Таа рече дека смртта на Тарнер била „огромна загуба за сите што ја сакаа и за музичката индустрија“.

„Тина Тарнер едноставно најдобра“ – Светските ѕвезди се збогуваат со кралицата на рокот, обожавателите палат свеќи пред нејзиниот дом/ФОТО