НАСА: Откривањето фосфин на Венера е „најзначаен настан“ досега

44

Американски и британски научници открија дека во горните слоеви на атмосферата на Венера има фосфин (гас кој го испуштаат некои живи организми), со што се укажува на можноста од постоење живот надвор од Земјата.

 

Живот на Венера? Откритие на фосфин, нуспроизвод на анаеробната биологија, е еден од најважните настани што води кон заклучок за вонземски живот, истакна Џим Брајденстајн, директор на американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).

Група астрономи од Институтот за технологија Масачусетс и од англинскиот Кардиф, вчера во списанието „Нејчур астрономи“објавија истражување во кое се тврди дека во атмосферата на Венера постои фосфин. Во студијата се истакнува дека фосфин е една од супстанците што сведочат за потенцијални знаци на живот.

Експертите ја истражувале атмосферата на Венера со употреба на телескопот “Џемјс Кларк Максвел (ЈЦМТ) кој што се наоѓа на Хаваите и со системот радиотелескопи АЛМА во Чиле, во милиметарска бранова должина.

Во нормални услови на Земјата фосфинот (фосфористен водород) изолиран како супстанца претставува безбоен отровен гас и овде тој се произведува од анаеробни, или микроорганизми кои не употребуваат кислород. На Земјата такви организми се некои видови бактерии, печурки, алги, црвја.

Венера е втората планета од Сонцето, и е најблиска до Земјата во споредба со другите планети. Исто така, во споредба со другите планети, таа се врти обратно од својата оска и мошне споро, што значи Сонцето таму изгрева на запад и заоѓа на исток, а еден ден на Венера трае 243 земски денови.

Атмосферата на Венера се сости главно од јаглероден диоксид и азот. Површината на планетата е целосно сокриена од многу густи облаци што се состојат од капки сулфурна киселина.

Извор:МИА