НАСА користи виртуелна реалност како подготовка за идните патувања на Марс

23

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА се здружува со секторот што го разработуваат и искористуваат потенцијалот на тн. метавселена. Целта се виртуелно-реални симулации на престојот и истражувањата на Марс.

Метавселена е хипотетичко прогресивно користење на интернетот како единствен, универзален и тридимензионален виртуелен свет, најчесто дополнет со додатно создадена виртуелна реалност и слушалки, за поголема реалистичност во одредена замислена ситуација.

Интересот за Марс расте, па „Спејс-Икс“, на пр. сѐ повеќе размислува за испраќање луѓе на соседната нам „Црвена Планета“, но и НАСА работи на тоа. Уште лани се зборуваше дека НАСА разработува имитација во која луѓето ќе минуваат време во „марсовското живеалиште“ создадено на Земјата за да се спознаат околносите при престојот во вонземска средина.

НАСА создаде пет категории симулации на Марс. Тие се наречени: „Сетап камп“, „Сајентифик рисрч“, „Мејнтенанс“, „Експлорејшн“ и „Блоу аур мајндс“. Последното сценарио се сосредоточува на креативноста и може да се користи за дизајнирање и на најимагинативните и најбизарните замисли.

Предизвикот е отворен за секој што сака да учествува, истакнуваат од НАСА. Теренот со „пресликаните“ марсовски услови за престој, веќе се гради, а во тоа се вклучени 150 тимови од целиот свет.