„Напрај се Василичар” – мото на овогодишниот Вевчанскиот карневал

118

Под мотото „Напрај се Василичар”, Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал на 13 јанаури кога ќе ги покажат маските што се подготвуваат цела година и се чуваат во тајност до почетокот на оваа манифестација со вековна традиција.

И оваа година се очекуваат бројни посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува.

Вевчани ги кани посетителите да го посетат карневалот, најавувајќи многу сатира, креативност и одлична забава.