Направи си: Домашен квасец од компир

463

Во време кога е најсигурно да се остане дома, идеално е да приготвите домашен леб и теста за целото семејство, без да морате да излегуваат во продавница. Недостигот на квасец по продавниците можете да го решите лесно и на најприроден начин – со домашен квасец.

Сварете еден компир исечкан на парчиња, убаво да биде сварен. Исцедете го, ама зачувајте ја и водата од варењето. Компирот измешајте го со една лажица сол и една лажица шеќер. Оставете ја смесата да се излади, па додадете една четвртина од водата од варењето. Оставете ја смесата да отстои неколку дена.