Корина Шумахер, сопругата на славниот пилот во Формула 1, Михаел Шумахер, отворено зборуваше за седумкратниот светски шампион во најбрзиот циркус на денешницата. Корина го даде интервјуто по повод на ранчот со коњи кои го поседуваат, а го доби на подарок од Михаел за десетгодишнината од нивниот брак.

-Направи се за мене, не заборавив на кого треба да му се заблагодарам за ова, на мојот сопруг Михаел. Ме научи на многу животни лекции. Кога возиш автомобил можеш едноставно да го оставиш во гаражата. Но коњот мора да го има твоето внимание цело време, дури и во недела. Кога имав 30 години многу сакав коњи, Михаел заедно со мене дојде во Дубаи каде купивме еден арапски, кажа Корина и напомена нивната ќерка Џина често иде на ранчот да ги јава коњите.

Корина Шумахер денеска има дури 40 коњина два ранча во Швајцарија и Тексас, но многу малку време има за да бде со нив по се што се случи со Шумахер.

Шумахер пред шест години на се повреди на скијање, удри со глава во камен и сериозно се повреди. Од тогаш малку се знае за неговата здравсрвена состојба. Членовите на семејството ретко се појавуваат во јавност, но и кога ќе се појават не изнесуваат детали поврзани за неговото опоравување.