Цели 33 – години Австралија немаше освоено медал во бок од Олимписките игри, но на неодамна завршените Игри во Токио, Хари Герсајд (24) се закити со бронза во лесна категорија и на тој начин го прекина постот на „кенгурите“
Герсајд медалот, но и шетмесечното отсуство од дома, одлучи да го прослави на приватна забава. Но, подобро да не ја направеше, бидејќи сега мора да плати голема казна.
Тој во својата куѓа во Мелбурн организираше забава на која присутни беа десет луѓе. Меѓутоа, бидејќи ги прекрши епидемиолошките мерки против Ковид 19 е казнет со околу 3.700 евра (5.454 австралиски долари)
-Знам дека погрешив, но ги немав видено своите пријатели цели шест месеци. Имаше десет луѓе во мојата куќа на забавата и свесен сум дека постапив себично и дека немам оправдување за ваквото однесување, изјави Герсајд.
Австралиската покраина Викторија, во која се наоѓа Мелбурн, моментно е во шестиот „локдаун“ од почетокот на пандемијата со коронавирусот, па ниту осовјувачите на медали од Олимписките игри во Токио не смеат да ги прекршуваат строгите правила, бидејќи се покажа дека нема попуст ниту за нив.