Направете сами: Дезинфекциско средство со алое вера

1153

Здравствените стручњаци советуваат редовно миење на рацете со обичен сапун и вода како најдобар начин за борба против вируси и зарази, вклучително со вирусот корона. Ама, за ситуациите кога водата и сапунот не ви се достапни, гелот на основа на алкохол, ќе ви помогне многу.

Геловите за дезинфекција направени во домашни услови се еднакво ефективни како и купените, се додека ги користите препорачаните дози за алкохолот. Тоа е воедно и добар начин во борбата против поединците желни за профит кои сега претеруваат со цените на овие производи, истакнува д-р Дејвид Агус.

Тој објаснува дека домашниот гел содржи најмалку 60 отсто алкохол. Советува дека би требало да се користи изопропилен алкохол, ама ако го немате, ќе послужи и етанолот. За да ја заштитите кожата од негативните ефекти на алкохолот, во средството би требало да додадете алое вера и неколку капки есенцијално масло по желба, за попријатен мирис.

За домашен гел за дезинфекција ќе ви бидат потребни 2/3 шолјичка алкохол кој ќе го измешате во поголем сам со 1/3 шолјичка алое вера и 5-10 капки етерично масло по избор.

 

Смесата можете да ја ставите во шишенце за секогаш да го имате при рака кога излегувате од дома. Ако те го приготвиле добро и шишенцето е секогаш добро затворено, гелот може да трае со недели.

 

 

 

 

 

 

„Ако е направен правилно, ефективен е како сапунот со вода. Знаеме дека дејстввуа, само внимавајте да содржи доволно алкохол, вели д-р Стивен Морс, епидемиолог од Универзитетот Колумбија во Њујорк.