Наполи има официјална понуда за Халанд

75

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го има во своите редови, играчот на Салцбург, Ерлин Халанд, јавуваат италијанските медиуми.

Според „Лагазета дело Спорт“, „азурите“ се сериозно заинтересирани за услугите на напаѓачот Ерлин Халанд и играчот од средниот ред на Генк, Сандер Берж.

За првиот од нив, клубот е подготвен да плати 40 милиони евра, за вториот – 20 милиони. Деветнаесет годишниот Халанд оваа сезона има одиграно 18 натпревари за Салцбург и постигна шест гола со шест асистенции.

Дваесет и едногодишниот Берж постигна два гола на 20 натпревари за Генк.