Напаѓачот од Тексас легално купил две пушки и речиси 400 куршуми во три дена

45
Фото: Twitter printscreen

Напаѓачот легално ги купил пушките и муницијата употребени во вчерашниот масакр, јавува АП, повикувајќи се на полициски документи. За време на вчерашното пукање во основното училиште во Тексас, животот го загубија 19 ученици и двајца професори, а уште неколку повредени се во критична состојба. Се уште се работи на идентификација на сите жртви на масакрот, а досега се именувани пет мртви деца.

Полицијата го застрела напаѓачот при влегувањето во училиштето, кој беше идентификуван како осумнаесетгодишниот средношколец Салвадор Рамос, кој работел во локална сендвичарница.

Она што засега е познато е дека Рамос за својот 18-ти роденден легално купил автоматска пушка, но и муниција.

Тој ја купил пушката на 17 мај од локален продавач кој има федерална дозвола за трговија со оружје, во градот Јувалде, каде што се случи вчерашниот масакр.

Дента откако ја добил пушката купил и 375 куршуми, а на 20 мај купил уште една пушка, исто така легално.

Во тие недели, од набавката на пушки и муниција, до пукањето што се случи синоќа, Рамос на социјалните мрежи објавувал фотографии од тоа оружје и им ги испратил на своите пријатели.

Масакрот на Рамос започнал со пукање кон својата баба по кратка расправија, по што жената е се уште во критична состојба.

После тоа, тој се качил во автомобилот, отишол во основното училиште, влегол во една од училниците и пукал во сите што биле таму, убивајќи 19 ученици и двајца професори. Се уште не се знае колку лица се повредени.

Во нападот загинаа наставничките Ева Мирелес и Ирма Гарсија, додека ги штителе децата од испуканите куршуми.

Рамос бил убиен од агент на граничната патрола кој влетал во училиштето со тим за тактичка поддршка и го убил додека бил забарикадиран внатре.