Напад на полицајци во Москва, двајца полесно повредени

36

Маж нападна и полесно повреди двајца полицајци на влезот во зградата на одделот на руското Министерство за внатрешни работи во Москва, а тој беше приведен веднаш по нападот, изјави извор од полицијата.

– Ова кривично дело не е поврзано со екстремизам, изјави извор за агенцијата ТАСС.

Според првичните информации, напаѓачот е по потекло од Дагестан.

Извор:МИА