Наместо на 65, Словенците во пензија ќе одат на 67 години

13

Словенечката Влада планира зголемување на годините за заминување во пензија во рамките на пензиските реформи. Тоа треба да се изведува етапно, до 2034 година, било истанато вчера на претставувањето на програмата во Љубљана, јавуваат словенечки медиуи.

„За осигурениците без 40 години работен стаж животното доба за пензионирање треба да се зголеми од сегашните 65 на 67 години“, рече на прес-конференцијата министерката за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности, Ксенија Клампфер.

Се предлага и поповолен начин за пресметување на пензиите во однос со просечната плата. За осигурениците, и мажи и жени, ќе изнесува 63 отсто од просекот на кој се пресметува пензиската основица. Досега за мажи со 40-годишен стаж се пресетувала на основица од 57,25 отсто, а за жени од 60,25 отсто.