Намерно се искашлал на својата поранешна сопруга за да ја зарази со корона – сега ќе оди во затвор

146

Маж во Австрија (63) бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со коронавирус искашлувајќи се кон неа.

Портпаролот на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува Асошиејтед Прес.

Мажот беше осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со ковид 19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееја во истата куќа, а пред да заврши разводот.

Обвинетиот, кашлал врз 70-годишната откако дознал дека бил позитивен на коронавирусот, рече портпаролот на судот.

Мажот бил осуден и за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја убедил да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да и плати 1.000 евра надомест на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме закрепна од инфекција на ковид-19.