Хрватскиот образовен систем, во кој од прво одделение во основно училиште се бара учениците да поминуваат со просек 5.0 и да бидат еднакво добри и во математика и по физичко е целосно неприроден.

Ваквиот систем наместо да го поттикнува развојот на талентот во она во што учениците се најдобри, создава маса деца со напамет научени податоци само за тестови.

Ова е проблем за кон се почесто и погласно предупредуваат наставниците и професорите, но и психолозите.

Докторката Катарина Додиг-Ќурковик, раководителка на Заводот за детска и адолесцентна психијатрија во Осијек, како што пренесува Вијести.хр вели дека системот е лошо поставен. Децата цела година се под притисок, но кулминацијата ја доживуваат на крајот од годината кога почнува ловот на петки.

-Ние во Заводот од мај се среќаваме со деца кои имаат панични напади, оти мораат да имаат просек 5.0, вели докторката.

-Денес се случува, она што би требало да е веселба, како што се матурските забави и забавите за деца, да станат последно место на свирчето оти сите се излудени од матурата. И јас сум мајка на деца во прва и четврта година средно училиште, што значи дека дома имам матурантка. Училиштето повеќе не е извор на задоволство, туку на фрустрација… Тие деца цел месец ниту јадат ниту спијат. За мене, како психијатар, апсолутно е неприфатлива изјавата на некои родители од типот: Мене не ме интересира како се чувствува (детето) туку каков успех има!, вели Додиг-Ќурковиќ за Глас Славоније.

Таа додава дека ова е особено проблематично кај матурантите оти адолесцентскиот период сам по себе е предизвик, па тие деца едноставно немаат капацитет да поднесат таков и толкав стрес.

-А што со оние другите, кои не се 5.0, кои се просечни? Нив воопшто не ги поттикнуваме да ги развиваат своите таленти, вели Додиг-Ќурковиќ.