Намалена видливост поради магла од Шипковица до Попова Шапка

23

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла попладнево има од селото Шипковица до Попова Шапка.

Како што соопшти ЈП „Македонија пат”, сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.