Над 70.000 скопјани за шест дена го посетиле „Винтерленд“

316

Изминаа шест дена од отворањето на новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“, а најавите за новите збиднувања ветуваат многу забава за скопјани.

-Над 70.000 луѓе го посетија „Винтерленд“ во центарот на градот, секојдневно следејќи ги детските програми и вечерните концерти на големите ѕвезди од земјата и од регионот-соопштија од Градот.

Покрај српскиот легендарен бенд Негатив, на големата бина настапија и македонскиот колектив Нокаут, There. Band, Бендоф, DJ Чваре и Дац и Александар Митевски. Вечер, српската поп-ѕвезда Јелена Томашевиќ ќе ги забавува посетителите на „Винтерленд“, а веќе од утре следуваат настапите на ПерпетуумМобиле од Суботица, Дани, Ки Куманово, охриѓаните Шајн, DJ Панчо, Саут Парк, Кепурхат, битолскиот камерен оркестар и Викторија Лоба. Последната недела од „Винтерленд“ настапуваат ПлутосДаубтс, Брејкдаун Бенд и Пеце од Суперхикс, DJ Гоце САФ, Аудио Скопје, Ај Кју, легендарниот Дарио и АнтиАрт Леа.

На претпоследниот ден од годината, Поп-арт бенд ќе ја затворат музичката програма на годинешниот „Винтерленд“.

Покрај музичките настапи, детската програма е на агендата секој работен ден од 17 до 19 часот. Театарски претстави, боенки, аниматори, пантомимичари, маскоти и Дедо Мразовци ги анимираат најмладите и нивните родители на големата сцена на скопскиот плоштад.

Посетете го новогодишниот базар и почувствувајте ја новогодишната атмосфера во центарот на градот.