Надлежните подготвено го дочекаа снегот

23

Новите снежни врнежи ги затрупаа градските улици во Делчево, но со брза интервенција на екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” се расчистени.  Од претпријатието информираат дека од утрово најпрвин се чистат тротоарите во близина на училиштата и останатиот јавен простор.

– Уште во раните утрински часови екипи од претпријатието излегоа со соодветната механизација не терен со цел овозможување на непречено одвивање на пешачкиот и возниот сообраќај пред јавните установи и објекти во градот –  информираа од претпријатието.

Согласно претходно склучен договор со Царинската управа, екипи на претпријатието имаат должност континуирано да ги чистат наноси од снег на просторот кај граничниот премин Делчево. Снегот, кој паѓаше непрекинато во текот на целата ноќ, создаде покривка од 10 сантиметри во градот, додека на повисоките места достигна 20-ина сантиметри.