Нада Топчагиќ: Сузана Манчиќ ми е лута бидејќи објавив наша топлес-фотографија

239

Младост лудост, само вака може да се опише фотографијата на која во топлес-издание се познатите личности пејачката Нада Топчагиќ (таа на која неодамна на фестивалот во „Сан Ремо“ песната “Јутро је“ и ја тргна од заборав фудбалерот Златан Ибрахимовиќ) и лото-девојката Сузана Манчиќ, таа по која лудуваа речиси сите мажи во поранешната Југославија.

Од стариот фотоалбум сликата ја извади Нада Топчагиќ, која многумина ја сметаат за позитивно одлепена, темперамента и голем шегобиец.
Па веројатно сакајќи да се пошегува и на сопствената сметка, но и на сметката на Сузана Манчиќ, Нада потсети и на бујните гради кои заедно со Сузана ги имале во времето на златната младост. Но, за жал, овој потег на Нада, на Сузана ама воопшто не и се допаднал, дури беше неверојатно лута, па наеднаш ги прекина комуникациите со Нада.

– Немам поим зошто се лути, па баш сме си убави и градлести. Расни девојки! Наместо да ми се заблагодари, таа ми ја тресна телефонската слушалка, велејќи дека нашето пријателство веројатно заврши, многу збунето одговори Нада на неочекуваните реакции на некогашната лото-девојка. Д.М.