Актуелниот шампион на Вимблдон и светски тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ два пати по ред играше на теренот број еден, а не на централниот. Покрај него, организаторите не ги почитуваат ниту најдобрата тенисерка во светот, Ешли Барти. Таа како прва во светот играше на теренот број два, додека Надал како трет носител играше на централниот терен.

Кога новинарите го прашаа Шпанецот дали е во ред најдобриот во светот да игра на терен број два, следеше прилично арогантен одговор.

  • И јас сум број два и имам 18. Грен-слем титули. Мојот одговор не е ниту да, ниту не. Организаторите одлучуваат каде кој ќе игра. Вие ја ставате Ешли Барти пред мене. По мене двете одлуки се добри. Во светот на тенисот, искрено мислам дека јас сум нешто повеќе од Барти, дури иако таа е прва во светот и го има освоено Ролан Гарос и игра неверојатно добро, испали Шпанецот.

Потоа го искоментира и фактот што Новак не игра на централниот терен.

  • Не можете секој ден да полемизирате затоа тоа што некој мора да одлучува каде ќе игра. Што ако Новак не е на централниот терен. И јас првиот ден играв на теренот број еден, на Ролан Гарос играв на „Леглан“ во второт коло. Не може да се прави драма од тоа. Денеска организаторите така одлучиле и така ќе биде, заврши Надал.