Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ќе го замени повредениот Рафаел Надал во репрезентацијата за претстојното натпреварување во Дејвис купот, соопшти селекторот Серхи Бригер.

Покрај Алкарас, во Дејвис купот од 25 ноември до 5 декември ќе играат и Пабло Каренјо Буста, Роберто Баутиста Агут, Фелисијано Лопез и Марсел Гранџолерс.

Шпанија ја брани титулата освоена во 2019 година, а Надал во август објави дека ја завршил сезоната поради повреда на стапалото, врз кое му беше направена и хирушка интервенција.