Шпанскиот тенисер Рафаел Надал призна дека во финалето на првиот грен слем турнир годинава, Австралијан Опен навивал против Србинот Новак Ѓоковиќ, за да остане подалеку на листата по бројот на грен слем трофеи.
Рафа истакна дека Ноле во Мелбурн покажал дека моментно е најдобар во светот, а разликата меѓу нив сега е само два грен слем турнири.
- Не сакам да сум лицемерен. Секако дека сакав да победи Тим во финалето на Австралија опен, бидејќи така ќе беше подобро за мене. Но, да бидам искрен спиев мирно и покрај тоа што на овој турнир триумфираше Новак. Беше одличен на турнирот. Ние останатите мора само да му честитаме за играта, ништо друго не ни преостанува, изјави Надал.
Надал и Ѓоковиќ водат голема борба за првото место на АТП-листата, а Шпанецот има еден омилен грен слем турнир, тоа е Ролан Гарос.