Државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста, годинава му е доделена на поетот Славе Димоски. Ова престижно признние се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република С Македонија.
Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски.
Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври (среда), во 12 часот, во Собранието на Република С Македонија.