Новозеландската убавица Росана Аркл постојано ги провоцира мажите со жешки објави од своето совршено тело. Триесет и двегодишната манекенка секојдневно остава без здив над 5.7 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Овој пат, поранешното лице на Мото ГП трките на својот профил објави неколку фотографии од нејзиниот голем, но стегнат задник, кои не поминаа незабележано од страна на нејзините следбеници.

Инаку, Росана во спортската јавност е позната како Мото ГП девојка, која на совршен начин го изрекламира овој спорт, а исто така е голем фан на НБА тимот – Чикаго Булс.

Сега таа се занимава и со рекламен бизнис. Поради нејзината прекрасна фигура, извајана десетици часа во теретана, палавата русокоса е една од најбараните девојки од луксузните компании за долна облека.