Навивачите го најдоа паричникот, но мизерно беа „наградени“!

132

Кога некој ќе изгуби личните документи, обично нуди огромна сума на пари на тој што ќе ги најде, особено кога станува збор за познати и богати луѓе, меѓутоа секогаш има исклучоци, а таков пример е фудбалерот на Јувентус, Мануел Локатели.

Пред неколку дена Јувентус имаше отворен тренинг за најверните фанови. Откако еден пар од Гросето се врати во својот хотел, кој бил лоциран во близина на тренинг кампот на „старата дама“, имаше што да види.

Имено, на паркингот од хотелот забележале паричник и решиле да го предадат на рецепцијата без да го отворат. Таму биле информирани дека паричникот е сопственост на Мануел Локатели.

Во хотелот биле изненадени од нивниот гест, а кога се видело дека се работи за Локатели, фудбалерот на Јувентус веднаш бил информиран дека ги загубил документите.

Кога сфатил што се случило, играчот од средниот ред веднаш пристигнал во хотелот за да го земе паричникот и мора да се признае дека не бил многу дарежлив.

Со оглед на богатството и парите со кои располага, се очекуваше голема парична награда за пронаоѓачот во знак на благодарност, но тоа не се случи.

Локатели направи селфи со парот и во знак на благодарност им подаде потпишан дрес.

Без разлика на фактот дека станува збор за мизерна награда, скромните навивачи на Јувентус не беа премногу разочарани од подароците кои ги добија.